Линкови за пристапност

Леви Друмер: Хамас е виновен за страдањето на Палестинците, Израел не сака цивилите да патат


Рашела Леви Друмер: Каде се изгуби Црвениот крст, каде се изгубија Обединетите нации да бараат да се видат заробениците во Газа?
Рашела Леви Друмер: Каде се изгуби Црвениот крст, каде се изгубија Обединетите нации да бараат да се видат заробениците во Газа?

Многу е жално што цивилите таму (во Газа) патат. Но, Хамас се служи со нив, како што се служеше сите овие години. Хамас се служи со цивилите. Хамас се служи со училиштата, со џамиите. Хамас се служи и со болниците, вели Рашела Леви Друмер, професорка од Израел, со македонско потекло.

Зошто Црвениот крст не се интересира да им достави лекови на израелските заложници во Газа. Тоа го прашува професорката Рашела Леви Друмер, професорка од Израел со македонско потекло, а со која разговаравме за сегашната состојба околу судирот Израел – Хамас.

„Тоа што многу нè чуди е како Црвениот крст не инсистира да влезе, да ги види, да.. Каде се изгуби Црвениот крст, каде се изгубија Обединетите нации. Каде се ОН да бараат да се видат заробениците. Не велам дека некој треба таму да фати страна, но, да се види каде се, во која состојба се. Како тоа старите лица не ги добиваат лекарствата“, прашува професорката.

Леви Друмер: Каде е Црвен крст да ги види заложниците во Газа
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:35 0:00

Друмер објаснува дека масовните протести што се одржуваа против израелската Влада, пред конфликтот, сега на своевидна пауза. Целото израелско општество било фокусирано на безбедноста и воената интервенција против Хамас.

„Има многу голема доброволна активност, многу поддршка за војската. Чувствуваме дека ова е борба на нашиот живот. Ова не смееме да го изгубиме“, вели Друмер.

Израел не ја почна оваа војна. Знаеме дека палестинскиот народ пати. Но, палестинскиот народ пати и од Хамас.

За ставот на израелските граѓани околу сегашниот тек на судирот, Друмер вели:

„Израел не ја почна оваа војна. Израел не е одговорен за оваа војна. Хамас направи чекор кој донесе ужасна ситуација и на својот палестински народ. Знаеме дека палестинскиот народ пати. Но, палестинскиот народ пати и од Хамас“.

За реакциите низ светот поради големиот број цивилни жртви во Газа, Друмер повторно прстот го посочува кон Хамас и потсетува на нападот од 7ми октомври.

„Израел не е таков народ кој сака некому да наштети. Жени, деца... сигурно не сака да убива и не сака да ги доведе во ваква ситуација. Одговорноста е на Хамас што ги става сопствените граѓани во опасност“, посочува Друмер.

Рашела Леви Друмер
Рашела Леви Друмер

Вели дека меѓу Израелците има сочувство за загинатите цивили во Газа. Притоа посочува дека целта на воената интервенција не се Палестинците, туку искоренување на организацијата Хамас, за која вели дека е целокупна закана за мирот.

„Цивилната популација во Газа мора да живее. И тие да бидат ослободени од Хамас и тие се заробеници на Хамас. Многу е жално што цивилите таму патат. Но, Хамас се служи со нив, како што се служеше сите овие години. Хамас се служи со цивилите. Хамас се служи со училиштата, со џамиите. Хамас се служи и со болниците“, категорична е Друмер.

Ќе има мир. Ќе има многу жртви, но ќе има мир.

Професорката Друмер сепак верува дека може да има соживот меѓу Израелците и Палестинците.

„Сигурно е можна заедничка егзистенција меѓу Израелци и Палестинци. Имам многу блиски пријатели во Израел, со кои знаеме да егзистираме заедно“, посочува професорката.

Нејзините очекувања се дека ќе има мир, но и сите заробени да се вратат живи дома.

„Се надеваме. Ќе има мир. Ќе има многу жртви, но ќе има мир“, заклучува професорката Друмер.

XS
SM
MD
LG