Линкови за пристапност

Уапсен осомничениот испраќач на писма со отров


Oсомничениот Кевин Куртис бил уапсен во среда во Коринт, Мисисипи

Американските истражители велат дека осомничено лица од сојузната држава Мисисипи е уапсено во врска со отровното писмо испратено до американскиот претседател Барак Обама.

ФБИ вели дека осомничениот Кевин Куртис бил уапсен во среда во Коринт, Мисисипи. Истражителите не дадоа други детали.

Но билтенот на ФБИ, кој новинарите го виделе, вели дека писмото од 8 април за претседателот Обама, и второто адресирано до американскиот сенатор Роџер Викер, имале поштенски жиг од Мемфис, Тенеси и имале идентична порака.

Двете писма прелиминарно покажале позитивен резултат за рицин, високо отровно хемиско соединение што е смртоносно во во количини мали како зрно сол.

Истражителите кажаа дека двете писма биле пресретнати во објект за проверка на пошта надвор од Белата куќа и канцелариите на Сенатот и заради тоа не ги ставиле ниту претседателот ниту сенаторот во непосредна опасност.
XS
SM
MD
LG