Линкови за пристапност

„Сомнително“ писмо и до Обама


ФБИ вели дека се потребни дополнителни тестови за утврдување на видот на субстанцата најдена во писмото

Американската тајна служба вели дека писмо адресирано до претседателот Барак Обама кое содржи „сомнителна“ субстанца било пресретнато во објектот каде се сортира пошта во близина на Белата куќа.

Писмото било откриено во вторникот, истиот ден кога друго писмо беше најдено со потенцијално смртоносен отров, рицин, адресирано до републиканскиот сенатор Роџер Викер.

ФБИ вели дека се потребни дополнителни тестови за утврдување на видот на субстанцата во писмото до Обама.
XS
SM
MD
LG