Линкови за пристапност

Иницијатива - Дозволете образование за девојчиња


U.S. First Lady Michelle Obama (R) and Akie Abe, wife of Japanese Prime Minister Shinzo Abe, visit Great Falls Elementary School in Great Falls, Virginia, April 28, 2015.

Со неа предвои првата дама, Мишел Обама, која е децидна дека неможноста девојчињата ширум светот да одат на училиште, треба да биде приоритет на надворешната политика.

Семејството на Ромина Кола од Албанија се отсели од село во Албанија, каде најблиското училиште било на оддалеченост од два часа, во северниот град Шкодра, се` со цел да добие образование.

„Многумина од моите пријатели не можат да посетуваат училиште заради голема оддалеченост од него и заради сиромаштија“, вели таа.

Шеесет и два милиона девојчиња ширум светот не одат на училиште. Сузан Маркам, виша координаторка за полова еднаквост и подигање на свеста на жените при Американската агенција за меѓународен развој, вели дека оддалеченоста, а во одредени случаи и ризикот за насилство, се само едни од пречките за образованието на девојчињата.

„Без оглед дали тоа е присилен брак или економски притисок заради трошоците за образование на едно дете, едноставно сакаме да обрнеме внимание на сите овие работи“, вели таа.

Во таа насока, Владата на САД поведе иницијатива наречена – Дозволете образование за девојчињата, со цел, подигање на нивната свест преку образование. Ставот е дека неможноста на девојчињата одат на училиште ширум светот треба да биде приоритет на надворешната политика.

Напорите ги предводи првата дама Мишел Обама, преку нови определби од јавниот и приватниот сектор, соработка со другите влади и решенија на чие чело стојат локалните општини. Сиромаштијата, недостигот на ресурси и културните норми, се пречка за бројни девојчиња ширум светот да се образуваат.

Мишел Обама во март ги посети Јапонија и Камбоџа за да ја промовира иницијативата. Беше придружувана од директорката на Мировниот корпус, Кери Хеслер-Редлит.

„Првата дама има неверојатна страст на оваа тема“, вели таа. „Гледа на својот и на животот на нејзиниот сопруг, претседателот Обама и посочува колку им било важно образованието за да ги исполнат нивните животни цели. Барак и Мишел Обама се обидуваат да обезбедат дека секое девојче ќе има иста шанса којашто ја имале тие“.

Иницијативата ќе бидие применета онаму каде е активен и Мировниот корус, а тоа во преку 60 земји, вклучувајќи ја Европа, Африка и Азија.

Во првата година, корпусот цели на 11 земји: Албанија, Бенин, Буркина Фасо, Камбоџа, Грузија, Гана, Ммолдова, Монголија, Мозамбик, Того и Уганда.

Во акцијата се вклучени бројни волонтери, кои неодамна се собраа во Тирана, на настан посветен на оваа тема. Вообичаено работат во рурални области, каде организираат и предводат специјални кампови за промоција на половата еднаквост и подигање на свеста на младите девојки.

Кери Хеслер-Радлет додаде дека корист од сето ова има целото општество.

„Оние коишто ќе имаат најголема корист ќе бидат всушност децата на младите жени и момчиња, до кои сега се обидуваме да ја доставиме пораката. Ова ќе биде долгорочна определба, бидејќи е потребно подолго време да се променат нормите и однесувањата кај луѓето“.

XS
SM
MD
LG