Линкови за пристапност

Тропската бура Лесли се движи кон Канада


По Бермудските острови каде беа откажани сите летови, Лесли продолжи натаму со ветрови од 95 километри на час

Тропската бура Лесли патува кон Канада откако со поројни дождови, силни ветришта и големи бранови мина преку Бермудските острови.

Откажани беа сите летови од и за Бермуда, а во прекин беше и поморскиот и копнен сообраќај. Тропската бура Лесли носи ветришта од 95 километри на час.

Метеоролозите предвидуваат бурата да добие сила на ураган на пат до источната канадска провинција Њуфаундленд во вторник.

Опасни бранови како последица од Лесли се очекуваат долж источното крајбрежно на САД.
XS
SM
MD
LG