Линкови за пристапност

Лекари укажуваат: Грипот не е воопшто наивен, потребна е вакцинација


Меѓу најизложените на грипот се децата и помладата популација
Меѓу најизложените на грипот се децата и помладата популација

Имавме и случаи во кои мора болничко лечење. Не е наивна болест, затоа што ако се болни децата и од други болести, може да дојде до несакани компликации. Доста деца завршија и во Козле, вели педијатарот Никола Филев.

Гужви пред амбулантите и болниците. Сезонскиот грип, често пати помешан со симптоми и на Ковид 19, ги напаѓа граѓаните. Пикот на заразата е секогаш на почетокот во февруари, односно со почетокот на второто полугодие од учебната година.

Грипот се карактеризира со висока температура, малаксаност, болки во коските. Некои развиваат и бронхопневмонија, поради што имаат потреба од хоспитализација.

Гужви пред амбулантите и болниците, пикот за грипот допрва доаѓа
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:28 0:00

„Исклучиво тоа се лица кои не се вакцинирани, а оние кои се вакцинирани и имаат хронични заболувања, поминуваат со многу полесна клиничка слика. И тука интерес немаше од страна на младите. За жал многу мал е процентот на здравствен персонал кој се вакцинира, а нема ниедна бремена жена која дојде да се вакцинира против сезонски грип, иако Светска здравствена организација препорачува и бремените жени да бидат вакцинирани“, вели Јованка Коровешоска од Центарот за јавно здравје од Охрид.

Од Институтот за јавно здравје, алармираат дека оваа сезона, вкупниот број на случаи на грип или заболувања слични на грип е за дури 37,3 отсто поголем во споредба со истиот период минатата сезона, а во однос на последните 13 сезони има зголемување од 26,1 отсто. Сезонава бројот на пријавени заболени досега изнесува нешто над 7.000. Но, бројките се многу поголеми.

Оваа бројка на заболени е многу поголема затоа што сите оние што се со полесна клиничка слика се лекуваат дома
Јованка Коровешоска, Центар за јавно здравје - Охрид

„Оваа бројка на заболени е многу поголема затоа што сите оние што се со полесна клиничка слика се лекуваат дома, не се консултираат со доктор и ги немаме во евиденција. Првите случаи на грип се појавени во 52 недела од 2023 година. Предновогодишните собирања, блиските контакти имаа влијание и најмногу заболуваат младите“, додава Коровешоска.

Меѓу најизложените на грипот се децата, односно помладата популација.

„Во овој период, а и друг пат, страдаат децата кои се изложени на меѓусебни контакти. Тоа се градинките и школскиот систем. Таму едно болно дете ако дојди, поради несовесни родители ќе дојде до масовна инфекција и брза манифестација на грип или други бактерии“, вели педијатарот Никола Филев.

Филев укажува дека болеста воопшто не е наивна.

„Може да има бронхити, пневмонии. Имавме и такви случаи и во тој случај мора болничко лечење. Не е наивна болест, затоа што ако се болни децата и од други болести, може да дојде до несакани компликации. Доста деца завршија и во Козле и на нашите одделенија да се лекуваат од компликации“, вели Филев.

Оваа сезона актуелна е и појавата на т.н. голема кашлица, позната уште како и магарешка. За разлика од регионот, каде има многу поголем број на случаи во Северна Македонија за сега тој број е само четири. Досега грипот однесе и седум жртви, од кој последниот случај е дваесетгодишна девојка, која не била вакцинирана.

XS
SM
MD
LG