Чатах, Сунитски Муслиман, бил почитуван економист и висок советник на поранешниот премиер Саад Харири. Тој претходно служеше како либански амбасадор во Вашингтон.
Известувачката на Гласот на Америка Маргарет Бешир вели дека многу набљудувачи на 62-годишниот Чатах гледаат како на необична цел за атентат:
„Тој не е член на сегашната влада. Не е пратеник во парламентот. Не е актуелен министер. Атентатите што сме ги виделе во блиското минато во Либан обично беа на активни членови на владата кои се цел, или големи политички фигури од важни семејства“.
Десетици луѓе беа повредени во петочната експлозија, која се случи близу седиштето на владата и остави густ облак од чад кој се краваше над градот. Видеото и социјалните медиуми покажуваат исплашени луѓе кои бегаат од местото, со запалени автомобили и скршени прозорци.
Никој не ја презеде одговорноста за атентатот.