Линкови за пристапност

Либан и експлозијата во Бејрут низ новинарски очи


Новинарот Мајкл Кранц за Гласот на Америка на македонски за кризата во Либан
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Новинарот Мајкл Кранц за Гласот на Америка на македонски вели дека експлозијата само ја продлабочила кризата која во Либан трае со години

Единствена шанса за Либан е да спроведе демократски избори, реформи на финансискиот сектор и расчистување со корупцијата и профитерството.

Вака размислува Мајкл Канц, американски новинар кој известувал за многу медиуми, меѓу кои Ал Џезира и Фокс. Кранц, кој неодамна се врати во САД од Либан од каде известуваше во последните две години. Со него разговаравме за актуелната ситуација во Бејрут по неодамнешната експлозија што остави стотици мртви и повредени и илјадници без дом.

„Експлозијата во Бејрут ме шокираше, бидејќи беше многу голема и близу до најпопуларниот дел од градот“, вели Кранц.

Тој вели дека сликата од Бејрут е потресна.

„Секој ден на улиците гледав како питачат луѓе кои никогаш претходно не го правеле тоа. Сиромаштијата во Либан рапидно се зголемува. Се проценува дека 60% од населението живее на работ на сиромаштија.“

Кранц вели дека Либан е во сериозна криза веќе година и половина. Често нема електрична енергија, многу луѓе немаат средства ниту за основните потреби, цените на храната растат, а валутата е девалвирана.

Негова специјалност е економијата во регионот. Пишувал за кризата во Либан и како тоа се одразува на животот на луѓето во оваа држава.

„Домовите на многумина се претворија во урнатини и сега живеат кај роднини или пријатели. Големо прашање е како градот и луѓето долгорочно ќе се опорават и ќе најдат дом. Освен тоа, недостигаат медицински залихи, нема можност за увоз на многу производи.“

За него не било изненадување да види протестирање на улиците.

„Револуцијата уште од октомври ги извади луѓето на протести на плоштадите во центарот на градот. Но, мислам дека уште поголем удар беше девалвацијата на валутата која ги погоди сите, и богатите и сиромашните. Неопходниот увоз стана отежнат или невозможен.“

Сликата е усложнета со широко распространетата корупција, вели Кранц.

„Во Либан се` функционира преку врски, политички, економски, фамилијарни. Без нив не може да се најде работа или да се заврши успешно било каква работа“, вели Кранц.

И во такви услови, се случува експлозијата....

„Амониум нитратот бил складиран таму и не бил преместен на безбедна локација бидејќи изгледа дека надлежните, сакале да го препродадат за профит.“

Реномираниот новинар и познавач на состојбите во регионот ги покривал и терористичките напади во Триполи минатата година, протестите на опозицијата и револуцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG