Линкови за пристапност

Либан прогласи вонредна состојба


Либан денеска прогласи вонредна состојба во Бејрут и издаде наредба војската да ги стави во куќен притвор сите кои биле вклучени во складирањето на експлозивните материјали кои што експлодираа во пристаништето на градот, уништувајќи цели населби и убивајќи голем број луѓе.

Вонредната состојба ќе трае две недели, а декларацијата за истата ефикасно ѝ дава на армијата целосни овластувања по масовната експлозија во вторникот.

Точната причина за експлозијата во вторникот не беше јасна, но либанските власти посочија на, како што рекоа, тони амониум нитрат што се чувале во магацини во изминатите шест години.

Досега се регистрирани 135 жртви и повеќе од 5000 повредени.

Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд изјави дека „апокалиптичката состојба“ остави околу 300.000 лица бездомници.

Официјални лица изјавија дека очекуваат пораст на бројот на жртви бидејќи екипите работат низ урнатините на оштетените згради, а многумина ги бараат исчезнатите семејства и пријатели.

Експлозијата се случи во вечерните часови, по што се создаде огромен облак чад во вид на печурка издигајќи се кон небото и шок бранови кои оштетија многу автомобили и згради на пристаништето.

По експлозијата, болниците се преполни со луѓе кои бараат помош.

Светската здравствена организација соопшти дека три болници во Бејрут биле многу оштетени во експлозијата и во моментот не се функционални. СЗО соопшти дека две други болници се делумно оперативни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG