Линкови за пристапност

Најмалку три деца мртви, и над 1.000 повредени при експлозијата во Бејрут, соопшти УНИЦЕФ


Организацијата вели дека дека пристапот до вода, образование, здравствена заштита, како и до домовите, би можел да биде ограничен

Најмалку три деца се убиени, а над 1.000 повредени при минатонеделната експлозија во Бејрут, Либан, соопшти УНИЦЕФ. Оттаму додаваат дека на повеќе од 30 деца им била потребна хоспитализација.

УНИЦЕФ изјави дека пристапот на погодените лица до вода, образование, здравствена заштита, како и до нивните домови, би можел да биде ограничен.

Организацијата соопшти дека инспекцијата на 558 од 3.000 оштетени згради, покажала дека само 202 имале пристап до вода.

Повеќе од 8.000 студенти во Бејрут, пак, би можеле да се соочат со предизвици во образованието, откако УНИЦЕФ регистрираше дека повеќе од 140 јавни, приватни и технички училишта биле погодени при експлозијата.

Оштетени биле и најмалку 16 општи болници и центри за новороденчиња и имунизација.

Агенцијата вели дека обезбедила вакцини и опрема за лична заштита, додека волонтери помагале при чистење, готвење и дистрибуција на храна и вода, како и при помали поправки на домовите и продавниците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG