Линкови за пристапност

Уапсен американски војник во врска со случајот „Викиликс“


Уапсен американски војник во врска со случајот „Викиликс“
Уапсен американски војник во врска со случајот „Викиликс“

Армискиот војник од прва класа Бредли Манинг бил префрлен во маринската база Квантико да чека на судењето за предавање на информации со најголема тајност.

Американската армија вели дека американски војник осомничен за предавање на армиските тајни на веб-страницата Викиликс е префрлен од Кувајт во армиски затвор во Вирџинија.

Армискиот војник од прва класа Бредли Манинг бил префрлен во маринската база Квантико да чека на судењето за предавање на информации со најголема тајност.

Во април Викиликс објави класифицирано видео на хеликоптерски напад во Ирак од 2007 кога се убиени двајца Ирачани кои биле испратени на задача од новинската агенција Ројтерс. Два месеци подоцна, американската армија соопшти дека го притвориле Манинг за наводно објавување на класифицирана информација.

Манинг исто така дошол под сомневање откако Викиликс неделава објавила десетици илјади рајни документи кои се однесуваат на авганистанската војна.

XS
SM
MD
LG