Линкови за пристапност

Пентагон: Протекувањето на документите може да чини животи и да наштети на вербата на сојузниците


Пентагон: Протекувањето на документите може да чини животи и да наштети на вербата на сојузниците
Пентагон: Протекувањето на документите може да чини животи и да наштети на вербата на сојузниците

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс на новинарите им кажа дека протекувањето на документите потенцијално носи опасни последици на бојното поле за американските трупи, како и за американските сојузници и авганистанските партнери, и дека може да им наштети на американската репутација и односи во регионот.

Американскиот Оддел за одбрана кажа дека објавувањето на тајните документи што се однесуваат на авганистанската војна може да чини животи и да им наштети на односите со сојузниците, предупредувајќи го публицистот Викиликс дека може да има „крв на рацете“.

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс на новинарите им кажа дека протекувањето на документите потенцијално носи опасни последици на бојното поле за американските трупи, како и за американските сојузници и авганистанските партнери, и дека може да им наштети на американската репутација и односи во регионот.

Гејтс објавените документи кои бројат над 90.000 класифицирани извештаи, ги опиша како „планина од сирови податоци“ што не фрлаат нова светлина на американската политика во Авганистан. Тој додаде дека сепак, тој материјал може да му помогне на непријателот на војното поле.

Тој побара ЕфБиАј да помогне во криминалната истрага.

Командантот на Здружениот генералштаб, адмиралот Мајк Мулен, имаше остри зборови за основачот на Викиликс Џулијан Асанџ. Мулен рече „Асанџ и неговиот извор може веќе да имаат крв на рацете од млад војник или авганистанско семејство“.

Американскиот претседател Барак Обама во четврток го свика првиот состанок на неговиот национален безбедносен тим по протекувањето во јавност на документите во неделата, за да расправа за Авганистан и Пакистан.

На средбата во Белата куќа преку видео линк и лично учествуваа 22 цивилни и армиски претставници.

Меѓу нив беше и Државната секретарка Хилари Клинтон, секретарот за одбрана Роберт Гејтс, директорот на ЦИА Леон Панета, Советникот за национална безбедност, генералот Џејмс Џонс, како и новиот американски и НАТО командант во Авганистан, генералот Дејвид Петреус.

XS
SM
MD
LG