Линкови за пристапност

Ураганот Лора однесе најмалку шест жртви во САД


Ослабена, но сепак опасна, Лора и натаму е закана

Ураганот Лора предизвика силни врнежи на дожд по должината на густо населениот источен морскиот брег.

Искршени дрвја и прекини на електричната енергија сведочат за разурнувачките налети на ветрот во Арканзас. Во невремето загинаа најмалку шест лица во САД.


Страотниот ураган од четврта категорија, кој донесе ветрови со брзина од 240 км / час, ослабна во вечерните часови.

Нови предупредувања за торнадо беа издадени синоќа во Мисисипи и Арканзас, неколку часа по ударот на еден од најсилните урагани што некогаш ги погодил САД.

Торнадото сруши дел од покривот на црква во руралниот дел на северо-источен Арканзас, додека остатоците од ураганот Лора поминуваше низ државата. Нема информации за повредени откако ураганот го погоди заливот на Луизијана во близина на Тексас.

Целосна проценка на штетите може да трае со денови. Дотогаш, невремето би можело повторно да се засили и да претставува закана за неколку северо-источни држави до сабота, соопштија прогнозерите.

Покрај урнатите згради, цели населби се во урнатини и скоро 900.000 домови и бизниси покрај брегот немаат електрична енергија.

Лора се смета за најмоќниот ураган што ја погодил Луизијана, што значи дека го надминала дури и ураганот Катрина, што беше невреме од трета категорија кога се случи во 2005 година.

Претседателот Доналд Трамп планира да го посети брегот на Заливот овој викенд со цел да изврши увид на штетите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG