Линкови за пристапност

Лаура Ковеси ми е омилена личност, стави во затвор 30 градоначалници, кажа македонскиот амбасадор во Вашингтон Зоран Попов


За време на нејзиниот мандат таа се спротивстави на полтичкиот притисок, правејќи ја Романија денес една од најбрзорастечките економии во ЕУ, рече Попов за поранешната специјална обвинителка на Романија, на конференција на македонски жени во Вашингтон
За време на нејзиниот мандат таа се спротивстави на полтичкиот притисок, правејќи ја Романија денес една од најбрзорастечките економии во ЕУ, рече Попов за поранешната специјална обвинителка на Романија, на конференција на македонски жени во Вашингтон

Моја омилена личност е Лаура Ковеси, поранешна специјална обвинителка на Романија и сега прв јавен обвинител на Европската Унија, рече македонскиот амбасадор во Вашингтон Зоран Попов, на втората конференција на македонски жени во Вашингтон, во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Амбасадорот ја спомна Ковеси за да го поздрави присуството на конференцијата на Маријана Венера Попеску, поранешен член на романскиот Парламент, која од 2016 до 2023 година, учествуваше на конференции поддржани од ОМД, зборувајќи на теми поврзани со улогата на македонската жена во политичкиот живот.

„Додека беше на функција, таа стави во затвор 30 градоначалници, два премиера дадоа оставка... Таа се спротивстави на полтичкиот притисок, правејќи ја Романија денес една од најбрзорастечките економии во Европската Унија“, рече Попов за Ковеси.

Ковеси беше во Скопје кога се формираше Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во 2016 година, и учествуваше на конференција за корупција, заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која сега отслужува затворска казна од седум години за случајот „Рекет“. Јанева во вторникот беше санкционирана од САД за коруптивни активности.

Ковеси, пак, е позната по обвинение за над 1.000 функционери во Романија за случаи за корупција, меѓу кои министри, судии и други функционери.

По обраќањето на Попов, конференцијата продолжи со пораки и споделување лични искуства на над десетина македонски жени, со различни професии, од фарамција, компјутери, до банкарство и уметност.

Тие, меѓу другото, зборуваа за лидерство, предизвици и можности за македонските жени во политиката, за глобализација и охрабрување на постари граѓани.

„Мајка ми отсекогаш ми има велено дека не може да знаете каде одите во иднина ако не знаете од каде доаѓате. Затоа отсекогаш сакав да се вклучам во вакви големи иницијативи“, рече Кристина Бундра, која поголемиот дел од својата професионална кариера го има поминато во фармацевтската индустрија, работејќи во областа на онкологијата и ретките болести.

За Зана Кењар, независен консултант за лидери, со мисија да го трансформира животот на луѓето преку едукација и инспирација на другите, важно е да се слави успехот.

„Независно што правме во животот, дали на приватно или професионално поле, славењето на успехот навистина може да биде вештина што можеме да ја научиме - како да ги славиме луѓето и нивните достигнувања“, рече таа.

Првата амбасадрка на Македонија во САД Љубица Ачевска е еден од спонзорите на конференцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG