Линкови за пристапност

Охрабрена сум дека лидерите на Северна Македонија ќе ја исчистат корупцијата, рече Лора Купер, заменик-помошник секретар за одбрана на САД


Интервју со Лора Купер, заменик-помошник секретар за одбрана на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:34 0:00

Разговорите што ги имаме со Северна Македонија се исти како оние што ги имаме со другите НАТО сојузници, да изградиме отпорни влади, кои ќе се соочат со закани, независно дали се работи за дезинформации или кибернетски операции, изјави Купер

Еден од најголемите предизвици за секој политичар е да направи реформи, но, јас сум охрабрена дека лидерите на Северна Македонија ќе најдат политичка храброст да преземат практични мерки за да ја исчистат корупцијата и да ги реформираат институциите, изјави Лора Купер, заменик-помошник секретар за одбрана на САД, во интервју за Гласот на Америка.

Купер рече дека Северна Македонија покажала оти може да изгради цврсти односи со соседите, како и да стои цврсто пред надворешните сили, чија цел е поделба.

Според неа, членството во НАТО ќе донесе поголема стабилност, не само за Северна Македонија, туку и за регионот.

Северна Македонија ја исполни една од стратешките цели на државата со влезот во НАТО. Што вие би им кажале на граѓаните - зошто е важно ова членство, особено во време како ова на пандемија?

Прво и најважно нешто што треба да се земе предвид, кога е во прашање просперитетот, е стабилноста. Со членството во НАТО доаѓа зголемена стабилност, не само за Северна Македонија, туку и за регионот. Луѓето во Северна Македонија, кои направија избор нивната суверена нација да тргне по овој пат, се одлучија за стабилност и просперитет.

Членството има и економски аспект. Реални ли се очекувањата за брзи инвестиции по влезот во Алијансата?

Апсолутно. Кога се работи за странски инвеститори, тие сакаат да инвестираат во места кои се стабилни и безбедни. Овие работи не одат една без друга. Мислам дека она што ќе го видиме во наредните години е зголемен просперитет за Северна Македонија и за регионот во целина.

Според вас, кои се клучните рефори на кои треба да се посвети новата Влада за побрзо отворање на преговарачките поглавја?

Еден од најголемите предизвици за секој политичар е да направи реформи и да се справи со корупцијата. Но, морам да кажам дека лидерите на Северна Македонија, како и лидерите на Атина, презедоа огромни чекори и имаа политичка храброст да го потпишат Преспанскиот договор. Тоа ме охрабрува дека лидерите ќе најдат политичка храброст да преземат практични мерки за да ја исчистат корупцијата и да ги реформираат институциите.

Бугарија најави можна блокада на патот на држвата кон ЕУ. Кој е вашиот коментар?

Јас не можам да зборувам во име на Европската Унија, но, можам да зборувам како набљудувач на Северна Македонија и на дипломатската работа што нејзината Влада ја извршува секој ден, преку градење мостови насекаде во регионот. Тоа е нешто што очекувам да го гледам и понатаму. Северна Македонија покажа дека може да изгради цврсти односи со соседите и да стои цврсто пред надворешните сили, чија цел е поделба.

Северна Македонија е држава во која добро поминуваат лажни вести. И од внатре, и од надвор. Според ваше мислење, што треба да направи државата за да се справи со овој проблем?

Ако ми дозволите, би сакала да се навратам на 2018 година, кога ја посетив Северна Македонија со секретарот за одбрана Матис. Тоа беше време на несигурност. Можеше да се види надеж кај луѓето за иднина во НАТО, но, можеше да се види и облак од дезинформации од Русија, која се обидуваше да ги одврати граѓаните од овој пат. Сепак, и покрај притисокот од Русија, Северна Македонија покажа дека е посилна од кога и да било порано, да се соочи не само со Русија, туку и со заканите од Кина и ИСИС.

Би можело ли да се очекува зголемен ангажман на САД при одвраќање на ваквата пропаганда?

САД се присутни во регионот многу долго време. Бевме со Северна Македонија пред поканата во НАТО во 2008 година, и ќе продолжиме да имаме постојано присуство во регионот. Разговорите што ги имаме со Северна Македонија се исти како оние што ги имаме со другите НАТО сојузници. Разговараме што би можеле да направиме за да изградиме отпорни влади, кои ќе се соочат со закани, независно дали се работи за дезинформации или кибернетски операции.

На што работат Армиите на САД и Северна Македонија во моментов, со цел да се зајакне одбранбената соработка?

Некои проекти се за изградба на капацитет на Армијата на Северна Македонија, со цел да биде продуктивен член на НАТО. Некои се за професионално воено образование за офицерите на Северна Македонија. Во моментов имаме 30 студенти од Северна Македонија во професионалниот образовен систем на Армијата на САД. Но, морам да се вратам многу претходно, на партнерството во Ирак и Авганистан. Служиме рамо до рамо со војниците на Северна Македонија од 2001. И ќе продолжиме да служиме со нив.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG