Линкови за пристапност

Легендарната „буба“ оди во историјата


Фолксваген прекинува со производството на моделот „буба“ кој се склопуваше во фабриката во Пуебла, Мексико.

„Бубата“ датира од 1930-тите години и била дизајнирана од германскиот инженер Фердинанд Порше за да биде „народен автомобил.“ Производството започнало по налог на лидерот на Нацистичката партија на Германија, Адолф Хитлер.

Производството беше обновено по Втората светска војна, а автомобилот се поврза со хипи културата во 1960-те години.

Фолксваген ја редизајнираше легендарната буба во 1998-та и 2012-та година, но автомобилот не успеа да стане популарен како претходниот модел.

Компанијата не произведува буба во Германија од 1970-тите.

Фабриката во Мексико во иднина ќе произведува поголеми автомобили.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG