Соединетите Американски Држави ветуваат дека ќе инсистираат на Кина да одговори, на она што, американските претставници го опишуваат како опасна и несовесна употреба на ласери во близина на американската воена база во Џибути, во Африка.
Во кратката изјава објавена денес, кинеското Министерство за одбрана соопшти дека таквите обвиненија се лажни.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунинг, рече дека кинеската страна спровела „сериозни проверки“ во таканаречените критики и кажа дека обвиненијата се неосновани.
Портпаролката на американската одбрана, пак, изјави дека воените ласери од висок степен биле пуштени од кинеската воена база во Доралех во најмалку три наврати, што резултирало со мали повреди на очите кај двајца американски пилоти.
„Оваа активност претставува вистинска закана за нашите пилоти. Официјално ја известивме кинеската влада и побаравме од нив да ги истражат овие инциденти“, рече Дана Вајт, портпаролката на Пентагон.
Официјалните претставници на Пентагон предупредуваат дека континуираното користење на таквите ласери од воено одделение би можело да предизвика сериозна штета на воздухопловните екипи и да ја загрози безбедноста на околината.
Проблемот преставува закана за продлабочување на тензиите што САД и Кина се обидуваат да ги смират по трговските прашања.
Facebook Forum