Линкови за пристапност

Дали напаѓачот од Лас Вегас планирал и други убиства?


Властите велат дека тешко е да се поверува дека Стивен Падок дејствувал самостојно, но истрагата за мотовот продолжува. Пред да влезе полицијата во хотелската соба од каде пукал, тој се самоубил. Според полицијата, можно е да планира бегство

Денови и месеци пред да го изврши најголемото масовно убиство во поновата американска историја, Стивен Падок изнајмил хотелски соби близу други музички фестивали во Лас Вегас и во Чикаго, соопштија властите.

Претходно, началникот на полицијата во Лас Вегас, вели дека е од клучно значење да се разговара со секој, кој го познавал напаѓачот Стивен Паддок, во обидите да се идентификуваат сите можни соучесници во најголемото масовно убиство во САД.

Шерифот Џо Ломбардо, кажа дека со оглед на бројот на парчињата оружје што го собирал Падок, како и експлозивите складирани во неговиот автомобил, тешко е да се поверува дека масакрот го извршил самостојно.

Претседателот на САД Доналд Трамп заедно со првата дама Меланија, во средата го посети Лас Вегас, при што изрази сочувство за жртвите, а имаше средби со дел од повредените и локалните власти.

Тој ги пофали напорите на медицинскиот персонал и спасувачките екипи за нивната неприкосновена акција по масакрот.

„Од она што видов, ова е неверојатно признание на професионализмот. Ве прави да бидете горд што сте Американец“, истакна Трамп.

Лидерот на САД утрово преку Твитер, кажа и дека му било задоволство што се сретнал со дел од жртвите, кои, како што рече, нема никогаш да ги заборави, како и со полицајци и лекари.

Во нападот од неделата, Падок пукаше во публика на концерт од хотелот Манделеј беј, што се наоѓа во непосредна близина. Притоа загинаа 58 лица, а преку 500 се повредени.

Ломбардо одби да даде какви било детали за она што досега е откриено за напаѓачот, бидејќи, како што кажа, не сака да обелодени нешто што може да одврати потенцијални сведоци или соработници.

Адвокатот на партнерката на Падок, Мари Данли, изјави дека таа немала никакви информации дека Падок планирал какво било насилство.

Кога се случи нападот, Данли беше на Филипините. Падок во тоа време и` испратил 100.000 долари, предлагајќи и` да купи куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG