Линкови за пристапност

Најново во истрагата за убиството во Лас Вегас


​​На жиро-сметката за помош на жртвите и преживеаните, веќе се собрани речиси 10 милиони долари

Полицијата во Лас Вегас соопшти дека го пронашла автомобилот што го барала, како дел од истрагата по масакрот од неделата.

Возилото марка „Хјундаи тусон“ било лоцирано во домот на Стивен Падок во Рено, каде живеел со својата партнерка.

Во најголемото масовно убиство во поновата американска историја загинаа 58 лица, а преку 500 се повредени.

На жиро-сметката за помош на жртвите и преживеаните GoFundMe, веќе се собрани речиси 10 милиони долари.

Во меѓувреме, додека властите и натаму бараат мотив за нападот, началникот на полицијата во Лас Вегас, Џо Ломбардо, изјави дека надлежните се обидуваат да дознаат дали Падок дејствувал самостојно.

„Во одреден момент, тој мора да имал некаква помош и сакаме да се осигуриме дека тоа е одговорот“, истакна шерифот.

Во потрага по можни соучесници, тој додаде дека е од клучно значење да се разговара со секој кој го познавал напаѓачот.

Адвокатот на партнерката на Падок, Мари Данли, изјави дека таа немала никакви информации дека сторителот планирал какво било насилство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG