Линкови за пристапност

Хотелот во Лас Вегас ќе ги тужи преживеаните жртви


58 лица беа убиени, а стотици повредени за време на концерт, кога Стивен Падок пукаше од соба на хотелот Мандалеј Беј во октомври минатата година

Сопствениците на хотелот во Лас Вегас, каде минатата година се случи едно од најголемите масовни увиства во американската историја, ќе ги тужи преживеантите жртви кои, пак, го тужат хотелот за недговорност и пропуст.

58 лица беа убиени, а стотици повредени за време на концерт, кога Стивен Падок пукаше од соба на хотелот Мандалеј Беј во октомври минатата година. Тој се самоуби кога полицијата влезе во хотелот.

Стотици од преживеаните жртви поднесоа тужби против хотелот, обвинувајќи го за пропуст при мониторинг на гостите, дозволувајќи му на тој начин на Падок да внесе во неговата хотелска соба оружје и муниција денови пред масакрот.

Сопствениците на хотелот, пак минатата недела поднесоа тужби, велејќи дека повредените и роднините на убиените не можат да го тужат хотелот, согласно федералниот закон од 2002-та година, кој ги ограничува обврските на бизнисите, кои преземаат одрдени чекори за заштита и одговор на масовни убиства.

Тие велат дека обезбедувањето на концертот било лиценцирано од Одделот за домашна безбедност.

Сепак, адвокатот на околу 1.000 преживеани вели дека обезбедувањето на хотелот, од каде Падок пукал, не било лиценцирано.

„Хотелот направи нешто што во 30 години пракса не е направено. Ги тужи семејствата на жртвите додека уште жалат по нивните најблиски“, изјави адвокатот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG