Линкови за пристапност

Трамп: Полицијата во Вегас треба да биде горда на брзата реакција


Претседателот рече и дека лекарите работеле со неверојатна професионалност, а преживеаните во неделниот концерт ги повикал да ја посетат Белата куќа

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека лекарскиот тим во Лас Вегас вложил инзворендни напори помагајќи им на повредените во неделниот масакар, при кој загинаа најмалку 59 лица.

Тој рече и дека полицијата во Лас Вегас „треба да биде многу горда“ на тоа како се справила со случајот.

Трамп и правата дама Меланија денеска се во посета на Лас Вегас, каде се сретнаа со некои од преживеаните.

Тој повтори дека 64-годишниот Стивен Падок е „болна и нерационална личност“.

Трамп се сретна и со спасувачите и граѓаните, кои помагале во спасување на лицата при масовниот напад.

Во меѓувреме, продолжуваат истрагите за масовното убиство за време на концерт во неделата, кое важи за едно од најголемите масовни убиства во поновата историја на САД.

Претходно Трамп изјави дека ќе се сретне и со полицискиот окружен шериф, додавајќи дека дебатата за каква било контрола на оружјето ќе се случи понатаму.

Шерифот на округот Кларк Џо Ломбардо, изјави дека верува оти полицијата ќе го утврди мотивот на напаѓачот, како и дека прибавил суштински информации деновиве.

„Правиме прогрес, но, се` уште немам комплетни одговори“, рече Ломбардо.

Партнерката на напаѓачот, Марилоу Денли ноќеска беше пресретната од агенти на ФБИ на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, која се води како лице од интерес во истрагата.

Надлежните утврдија дека Падок пукал меѓу 9 до 11 минути, од соба на 32-ри кат во хотелот Манделеј Беј, убивајќи 59 лица, и повредувајќи преку 500-тини други.

Официјално лице од Одделот за домашна безбедност изјави дека не можат да се повикаат на ментална болест, иако не постојат никакви докази дека тоа не е случај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG