Каде и да оди, Далај Лама е поздравен со песна и насмеани лица, но и критикуван од Пекинг, кој го обвинува дека се обидува да го одвои Тибет од Кина.
Откако кинеските сили влегоа во Тибет пред повеќе од половина век и подоцна Далај Лама беше принуден на егзил, тоа е борба што трае до денес.
Додека Далај Лама се фокусира главно на неговото спиритуално учење, аналитичарите велат дека е премногу рано да се предвиди како може Кина да одговори на неговата нова улога, но дека секако е можност за тоа.
Роби Барнет е експерт за Тибет на Универзитетот Колумбија. Тој вели дека ова е нешто што може да биде многу важно за Американците и другите западни лидери, да побараат од Кина да истапи со попозитивен став во однос на тибетското прашање.
Аналитичарите велат дека посетата на Далај Лама на САД е важна зашто е прва откако е официјално пензиониран.
За време на престојот во Вашингтон, Далај Лама се очекува да има средби со политичари на високо ниво, но не е јасно дали Барак Обама ќе се сретне со него.