Се намалува нивото на кислород во стотици езера во САД и во Европа изминативе четири децении, открива нова студија, објави Асошиетед прес.
Користејќи ги податоците за речиси 400 умерени езера во светот, истражувачите го испитувале опаѓањето на нивото на кислород и температурата во овие екосистеми.
Тие откриле дека нивото на кислород во плитките води опаднало за 5,5 проценти, и 18,6 проценти во длабоките води од 1980 до 2017 година.
Според еден од авторите на студијата, губењето на кислородот би можело да доведе до помор на рибите и емисија на метан.
Студијата, исто така, укажува дека затоплувањето на климата и заматување на водите поради човечки активности, се причина за намалување на кислородот.
„Кислородот е еден од најдобрите индикатори за здравјето на екосистемот, и промените во оваа студија рефлектираат човечки фактор“, изјави коавторот Грег Вилијамсон, професор по биологија на Универзитетот Мајами во Охајо.
Facebook Forum