Линкови за пристапност

Лагерфелд го промени начинот на кој жените се облекуваат


Најпознат беше по неговата работа во „Шанел“, но, и по неговите колекции за својот истоимен бренд и модната куќа „Фенди“

Германскиот креатор Карл Лагерфелд, креативен директор на „Шанел“ почина на 85-годишна возраст. Тој беше дел од модната индустрија повеќе од половина век.

Француските медиуми јавуваат дека Лагерфелд починал рано утринава, откако претходната ноќ бил однесен во болница надвор од Париз.

Лагерфелд беше препознатлив по неговите темни костуми, белата коса собрана во коњско опавче и очилата за сонце.

Најпознат беше по неговата работа во „Шанел“, но, и по неговите колекции за својот истоимен бренд и модната куќа „Фенди“.

Гласините за неговото здравје се раширија откако тој ја пропушти ревијата на „Шанел“ минатиот месец во Париз.

„Изгубивме креативен гениј кој помогна Париз да стане центар на модата во светот, а `Фенди` една од најиновативните италијански куќи“, изјави Бернард Арно, извршен директор на LVMH, нагласувајќи дека „му должиме многу: неговиот вкус и талент беа исклучителни, нешто што не сум го видел“.

Лагерфелд беше познат по неговите разиграни ревии и екстравагантни дизјани.

„Длабоко не погоди веста за смртта на Карл Лагерфелд. Неговиот придонес во модната индустрија го промени начинот на кој жените се облекуваат и ја сфаќаат модата“, изјави извршната директорка на Британскиот моден совет.

Лагерфелд ја почна кариерата како асистент на Пјер Балмен во 1955-та година, а во „Шанел“ е од 1983-та.

Остана активен во светот на модата до неговата смрт.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG