Линкови за пристапност

Бин Ладен водел дневник за терористички операции


Бин Ладен водел дневник за терористички операции
Бин Ладен водел дневник за терористички операции

Американски официјални лица велат дека дневникот на Осама бин Ладен содржел информации за идни терористички заговори и покажува дека лидерот на ал-Каида комуницирал со други терористи.

Официјалните лица, кои зборувале под услов да останат анонимни, во среда кажаа дека тетратката има детали за доктрината на трористичката мрежа, потенцијални цели и како да бидат изведени нападите против нив. Опишува заговори против американскиот железнички систем и зборува за важноста од напаѓање на САД.

Се верува дека бин Ладен лично го пишувал дневникот што специјалците го заплениле на неговиот имот во северен Пакистан за време на операцијата на 2 мај во која тој беше убиен.

Во меѓувреме, лидерот на ал-Каида на Арапскиот полуостров ги предупреди САД дека следат повеќе напади во знак на одмазда.

Во соопштение објавено на Интернет во средата, Насер ал-Вахиши со седиште во Јемен кажа дека Американците не треба да мислат дека „работата е завршена“ со смртта на бин Ладен. Тој кажа дека „тоа што доаѓа е поголемо и полошо“.

XS
SM
MD
LG