Линкови за пристапност

Двајца мртви во инцидент во воздухопловна база во Тексас


Истрагата е во тек

Властите на Тексас во петок соопштија дека две лица се убиени во воздухопловната воена база во Сан Антонио.

Шерифот на општината Бексар и полицијата на Сан Антонио, одговорија на извештаите за вооружен напад кој се случил пред девет часот наутро по локално време, во воздухопловната база Лакленд во Сан Антонио.

Портпаролот на шерифот, Џејмс Кит вели две тела се најдени во соба, во зграда која е дел од базата.

Кит вели дека стрелецот е еден од мртвите, но замениците на шерифот и останати полициски службеници продолжуваат да ја пребаруваат зградата и блиските објекти, која веднаш била затворена и пристапот забранет.

Објектот е клучна постројка за обука на воздухопловните сили на САД.

Во 2009-та година, базата Форд Худ која е на околу 260 километри оддалечена од Лакленд, беше местото на напад од вооружено лице, кога 13 луѓе беа убиени и 31 повредени.

XS
SM
MD
LG