ВАШИНГТОН —
Американската економија минатиот месец додала 559.000 работни места, соопшти Одделот за труд на САД. Во април, пак, биле креирани нови 278.000 работни места, подобрувајќи ја стапката на невработеност од 6,1 проценти на 5,8 проценти.
Најмногу работни места, односно 186.000 се отворени во ресторани, бизниси со храна и барови.
За да привлечат работници, многу големи бизниси, како Амазон и Волмарт, почнаа да ги покачуваат платите.
Економијата порасна во првиот квартал до 6,4 проценти годишна стапка, а многу економисти предвидуваат дека во вториот квартал растот ќе биде најмалку 9 проценти.
Facebook Forum