Линкови за пристапност

Американците го слават Денот на трудот


Со овој национален празник се оддава почит на работничкото синдикално организирање, и наедно претставува неофицијален крај на летотo

Првиот понеделник во септември стана официјален празник во 1894-та, по залагањето од националните работнички синдикати. Со децении градовите ја користеле приликата за големи паради во чест на фабричките работници организирани во синдикати.

Членството на синдикатот постепено бележи опаѓање во изминативе 30 години со растежот на технологијата и глобализацијата на светската економија. Во 1983-та, 20 проценти од работниците биле во синдикати, а во 2013-та само 11 проценти.

Сепак, во текот на годините, синдикалната работа резултирала со многу бенефиции на работните места, вклучувајќи и петдневна работна недела, здравствено осигурување и платен одмор за работниците.

Многу американски корпорации и натаму активно се противат на синдикализирање на нивните работниците. Традиционално, Денот на трудот е неработен и се слави со семејни собири и пикници.

XS
SM
MD
LG