Линкови за пристапност

Ден на трудот во САД - работниците слават на плажа и во паркови


Денес се смета дека неофицијално завршува летото

САД денес го празнуваат Денот на трудот. Се слават правата на работниците и нивниот придонес во американската економија.

Некои работнички сојузи денес парадираат и организираат прослави за работниците и нивните семејства.

Повеќето граѓани денес одат на плажа и во паркови, или се собираат во нивните дворови.

Во 1880-те години се покрена движење за признавање на американскиот работник, кој тогаш работел најмалку 12 часа на ден, шест дена во неделата со речиси незначителна заработувачка.

Дури и децата на возраст од пет години многу често работеле во фабриките. Здравствена заштита тогаш не постоела.

Една по една, сојузните држави донесоа регулатива, со која се создаде основа за почитување на трудот на американските работници.

На 28 јуни 1884-та година, Конгресот донесе акт, со кој првиот понеделник во септември секоја година е прогласен за Ден на трудот и кој стана национален празник.

Изминативе години се намали членството во работничките синдикати, со пораст на технологијата и глобализацијата на светската економија.

Но, бенефитите за кои со години се бореа работниците сега се уживаат во повеќето работни средини, вклучувајќи осум саати работа дневно, пет дена во неделата, здравствено осигурување и платен одмор за вработените.

Денот на трудот се смета и за неофицијален крај на летото, бидејќи децата се враќаат во школо, иако се` повеќе училишта се отвораат во август.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG