Првиот понеделник во септември во САД е Ден на трудот. Ова е празник за работниците и нивниот придонес во американската економија.
Овој ден стана официјален празник во 1894-та година, по заслуга на државите работнички синдикати. Со децении, градовите организираа паради, славејќи го трудот на работниците во фабриките.
Изминатите 30 години, синдикатите бележат намалување на членството, што главно се должи на развојот на технологијата и глобализацијата на светската економија
Но, работничките бенефиции, за кои синдикатите се бореа со години, денес се реалност на работните места, вклучувајќи пет дена работа во неделата, здравствено осигурување, како и платен одмор, што го обезбедуваат работодавците.
Многумина членови на синдикатите сега работат како административци на локално и федерално ниво, а не во фабрики, каде почна работничкото движење.
Воедно, празникот симболично го означува и крајот на летото, и за повеќето е неработен ден. За некои општини во САД, утре е првиот ден на новата учебна година.
Facebook Forum