Линкови за пристапност

САД денес го празнуваат Денот на трудот во чест на правата на работниците


Правата за кои се бореа работниците со години наназад вклучуваат осум часа работа на ден, пет дена во неделата, здравствено осигурување и платен одмор

САД денес го празнуваат Денот на трудот, во чест на американските работници и нивниот придонес за економијата.

Во 1880-те години имаше напори за признавање на правата на работникот во САД, кој тогаш работеше најмалку 12 часа на ден, шест дена во неделата, со делумна плата.

Дури и децата на возраст од пет години, често работеа во фабриките. Бенефиции за здравствено осигурување тогаш не постоеја.

Сојузните држави, една по друга, изготвија и донесоа регулатива, со која се утврди ден за славење на работничките права.

На 28 јуни, Конгресот донесе закон, со кој секој прв понеделник во месец септември го прогласи за национален празник - Ден на трудот.

Правата за кои се бореа работниците со години наназад сега се почитуваат во најголемиот дел од работните места, а вклучуваат осум часа работа на ден, пет дена во неделата, здравствено осигурување и платен одмор од страна на работодавците.

Со цел да се задржи духот на традицијата, некои американски градови денес организираат паради и одржуваат манифестации во чест на работниците и нивните семејства.

Повеќето работници денес не работат, а денот го поминуваат со семејството, најчесто во паркови или на плажа.

Денот на трудот неофицијално се смета и за крај на летото.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG