Линкови за пристапност

Покренато обвинение против осомничениот од инцидентот на аеродромот во Лос Анџелес


Пол Сиансиа имал белешка во торбата која упатувала на намера да убие службеници на аеродромското обезбедување

Американските федерални обвинители покренаа обвинение против осомничениот во смртоносното пукање на аеродромот Лос Анџелес.

Пол Сиансиа во саботата беше обвинет зa убиство на федерален службеник. Тој исто така е соочен со обвинение за извршено насилство на меѓународен аеродром. Сиансиа може да добие смртна казна.

Властите велат дека белешка најдена во неговата торба покажала лутина спрема службеници на Администрацијата за безбедност во сообраќајот.

Дејв Бович, од ФБИ, кажа дека белешката била напишана на рака и потпишана од обвинетиот. Тоа било изјава дека донел свесна одлука да убие повеќе вработени во алужбата.

Обвинителите велат дека 23-годишниот жител на Лос Анџелес го убил службеникот стрелајќи од непосредна близина директно во него.

Андре Беро, правобранителот за Централна Калифорнија, кажа дека обвинетиот започнал да се оддалечува од ранетиот службеник, одејќи нагоре по ескалаторот, за потоа да се врати назад со ескалатор и повторно да пука во ранетиот.

Обвинителот вели дека Сиансиа потоа пукал уште во двајца други службеници на аеродромот и еден цивил пред да влезе во престрелка со полицијата, при што бил ранет.

Властите велат дека осомничениот во моментов приме лекарска нега, но дека се` уште не бил испрашуван.
XS
SM
MD
LG