Новоизбраниот претседател на Киргистан им кажа на САД дека нивната воздухопловна база Манас треба да бида затворена кога договорот ќе истече кон средината на 2014-та.
Поранешниот премиер Алмазбек Атамбајев, кој победи на изборите за претседател во недела со над 60 проценти од гласовите, кажа дека Киргистан ќе го почитува договорот за изнајмување, но дека нема намера да го продолжи.
САД ја користеа базата што е во склоп на цивилниот аеродром Манас, како клучен транзитен центар за снабдување за војната во Авганистан. Но Атамбајев посочи на американскиот конфликт во Ирак и Авганистан и влошените односи со Иран велејќи дека не сака да ризикува некоја од тие земји да направи одмазднички напад на базата.
Русија исто така има база во Киргистан, и ја гледа поранешната советска централноазиска држава како дел од својата традиционална сфера на влијание.