Линкови за пристапност

Соборениот киргистански претседател најавува оставка


Соборениот претседател на Киргистан Курманбек Бакијев вели дека би поднел оставка доколку самопрогласената привремена влада му гарантира безбедност

Соборениот претседател на Киргистан Курманбек Бакијев вели дека би поднел оставка доколку самопрогласената привремена влада му гарантира безбедност.

Бакијев на новинарите во јужниот град Џалалабад во вторник им кажа дека би сакал да разговара со раководителката на привремената влада Роза Отунбајева. Претседателот го напушти главниот град, Бишкек, по минатонеделните судири меѓу полицијата и протестантите во кои беа убиени најмалку 80 лица.

Неговите забелешки дојдоа неколку часа откако лидерите на привремената влада го повикаа Бакијев да се предаде во главниот град или во спротивно ќе се соочи со апсење од специјалните сили.

Министерот за државна безбедност на новата влада во вторник кажа дека претседателот е лишен од имунитет и дека е отворена кривична постапка против него.

Порано во вторникот Бакијев им кажа на подржувачите дека не ги признава акциите на привремената влада.

XS
SM
MD
LG