Линкови за пристапност

Во џамија во Кувајт убиени најмалку 25 лица


Одговорноста ја презеде организацијата Исламска држава.

Исламската држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад врз шиитска џамија во главниот град на Кувајт, во којшто загинаа најмалку 25 лица.

Организацијата поврзана со Исламската држава, позната како Провинција Најд, кажа дека го извела нападот во џамијата Садик во Кувајт сити. Напаѓачот го активирал експлозивот поставен на него, во време кога џамијата била преполна со верници за време на петочната молитва.

Организацијата Провинција Најд кажа дека изминативе недели извела слични смртоносни напади во две шиитски џамии во Саудиска Арабија.

Исламската држава шиитските муслимани ги смета за еретици.

XS
SM
MD
LG