Денеска се очекуваат официјалните резултати по референдумот за независност на ирачките Курди. Настанот резултираше со приговори од страна на владата во Багдад, од соседните земји и САД.
Пред гласањето, се очекуваше дека резултатот ќе биде во полза за независност.
Некои Ирачани тврдат дека референдумот создал нестабилност во државата.
Иако гласањето во полза на независност на курдистанскиот регион, нема да значи декларација за независност, курдските власти се надеваат дека ќе послужи како прв чекор во преговори за отцепување.
Курдите со генерации се без дефинирана татковина, а нивните предци биле поделени меѓу Ирак, Иран, Турција и Сирија.
Facebook Forum