Линкови за пристапност

Извештај на Одделот за правда: Критики за ФБИ за истрагите за домашен екстремизам


Федералното истражно биро (ФБИ) не успеало значајно да го подобри користењето на дојави и информации за сомнителни домашни насилни екстремисти и покрај неколкуте високо профилни терористички случаи изминативе години кои го ставија проблемот во центарот на вниманието. Ова го покажува новиот извештај на Главниот истражител на Одделот за правда.

ФБИ ги опишува домашните екстремисти како само радикализирани „индивидуи инспирирани од глобалниот џихад“ кои живеат во Соединетите Држави и кои не добиваат насоки од странски терористички групи.

Од 2001-та година, домашните насилни екстремисти се одговорни за 20 напади во САД, дел се случија откако ФБИ ја затворило истрагата за нив.

Откако беше критикувано дека пропуштило круцијални информации за осомничени за тероризам како напаѓачот во ноќниот клуб „Пулс“ Омар Матин во Орландо во 2016-та и бомбашот Ахмад Кан Раими во Њујорк истата година, ФБИ во 2017-та спроведе внатрешна ревизија за своите антитерористички процени. Процената е рана истражна фаза од еден случај и ѝ претходи на прелиминарната и на целосната истрага.

Ревизијата на Бирото покажа дека за 6% од процените затворени меѓу 2012-та и 2016-та била потребна дополнителна акција, но и дека сите теренски офицери на ФБИ не ја завршиле потребната работа, пишува во извештајот на Главниот истражител Мајкл Хоровиц.

„Како резултат на ова, речиси 40% од овие антитерористички процени не биле продолжени и 18 месеци по откривањето на слабостите“ пишува Главниот истражител.

Оттогаш ФБИ има направено чекори кои одат во насока на поправање кои довеле до отворање на нови процени или нови истраги, смета Главниот истражител. Бирото, исто така, се има согласено да ги имплементира сите седум препораки на Главниот истражител.

Извештајот нагласува седум терористички напади чии извршители биле истражени од ФБИ пред да бидат пуштени.

ФБИ го истражувало Матин 10 месеци пред да одлучи дека сомнежите за терористички врски се неосновани. Во случајот на Раими, Бирото ја затворило кусата процена откако утврдило дека „не може да се најде врска со тероризам“.

Други кои биле истражувани од ФБИ пред да извршат терористички напад се и напаѓачот од Форт Худ, Нидал Хасан и бомбашите на бостонскиот маратон, Тамерлан и Џокар Царваев.

Хусан, психијатар во американската армија, уби 14 луѓе и повреди уште 30 во 2009-та во најсмртоносниот напад во американска воена база. Во бомбашките напади на бостонскиот маратон во 2013-та беа убиени тројца а неколку стотици беа повредени.

XS
SM
MD
LG