Линкови за пристапност

Крис Кристи ја посети Украина


Републиканскиот претседателски кандидат се сретна со Зеленски и порача дека САД треба да продолжат да ја поддржуваат Украина
Републиканскиот претседателски кандидат се сретна со Зеленски и порача дека САД треба да продолжат да ја поддржуваат Украина

Републиканскиот претседателски кандидат Крис Кристи ја посети Украина денес и се сретна со претседателот Володимир Зеленски, нагласувајќи ја силната поддршка на САД за борбата на Киев против Русија.

Кристи, некогаш сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, сега го предизвикува за претседателската номинација на нивната партија во 2024 година - и прави остар контраст со неговиот став кон Украина.

Посетата на Кристи на Украина дојде еден ден откако Трамп се врати во Вашингтон за да се изјасни за невин по федералните обвиненија дека организирал заговор за обид да ја поништи неговата загуба на изборите во 2020 година.

Поранешниот гувернер на Њу Џерси се состана со Зеленски во претседателската палата по посетата на масовна гробница во Буча, место каде Украина ги обвинува руските војници за злосторства и за штети во Иприн.

Двата града беа повторно преземени од украинските сили во 2022 година, бидејќи руските инвазивни сили се откажаа од обидот да го заземат главниот град Киев.

Кристи го обиколи и центарот за заштита на децата во Киев.

Неговата порака за време на посетата во петокот беше јасна: „САД ја поддржуваат и треба да продолжат да ја поддржуваат Украина“.

Тој став го издвојува Кристи од некои други кандидати, вклучително и Трамп, кој остро ја критикуваше американската поддршка за војната.

Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, кој е далеку втор во анкетите на јавното мислење, оваа година сугерираше дека војната е едноставно „територијален спор“ пред да се повлече и да го нарече рускиот претседател Владимир Путин воен злосторник.

Друг кандидат, претприемачот Вивек Рамасвами, повика на итен прекин на војната и Русија да ги задржи своите територијални придобивки.

На форумот на кандидати во Ајова минатиот месец, поранешниот потпретседател Мајк Пенс и американскиот сенатор Тим Скот од Јужна Каролина тврдеа дека и понатаму е од витално значење за САД да возвратат против руската агресија.

САД обезбедија оружје во вредност од милијарди долари за Украина по руската инвазија во февруари 2022 година.

Трамп, кој ја напушти функцијата во 2021 година по еден четиригодишен мандат, беше отповикан во 2019 година поради наводите дека вршел притисок врз Украина да го истражи неговиот демократски ривал Џо Бајден.

Републиканците во Сенатот го ослободија од тие обвиненија.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG