Линкови за пристапност

Кремљ: Ким од Северна Кореја ќе ја посети Русија во наредните денови


Американските власти предупредија на потенцијална воена поддршка на Северна Кореја за Русија
Американските власти предупредија на потенцијална воена поддршка на Северна Кореја за Русија

Кремљ во понеделникот соопшти дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе ја посети Русија во наредните денови на покана на претседателот Владимир Путин.

Русија не даде повеќе детали, но јужнокорејските медиуми во понеделникот објавија дека специјален воз за кој се претпоставува дека го превезува Ким тргнал од Пјонгјанг и дека средбата со Путин би можела да се одржи веќе во вторник.

Американските власти соопштија минатата недела дека се очекува средба Ким-Путин да се одржи овој месец.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, зборуваше за загриженоста на САД дека Северна Кореја размислува да обезбеди воена поддршка за руските сили кои се борат во Украина.

Некои информации за оваа содржина дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG