Линкови за пристапност

Кралот Чарлс ја започна државната посета на Кенија


Кралот Чарлс III и Кралицата Камила ја започнаа својата четиридневна државна посета на Кенија, каде што се очекува да ги признае „болните аспекти“ на децениското колонијално владеење на неговата земја.

Чарлс и Камила беа пречекани од кенискиот претседател Вилијам Руто во главниот град Најроби во вторникот наутро.

Бакингемската палата вели дека посетата е одраз на блиската соработка на двете земји за економскиот развој, климатските промени и безбедносните прашања.

Патувањето е прва официјална посета на Чарлс на нација од Комонвелтот откако минатата година ја наследи мајка си.

XS
SM
MD
LG