Линкови за пристапност

Ковачевски за скандалот со Онкологија: Очекувам казни согласно закон, доста беше 30 години изговори


Dimitar Kovacevski pres Димитар Ковачевски прес
Dimitar Kovacevski pres Димитар Ковачевски прес

Доста беше 30 години само изговори, само начини како нешто да не се казни, а граѓаните очекуваат и правда и да очекуваат подобри услуги. Затоа овојпат ова ќе биде на секоја седница на Влада, рече премиерот Ковачевски

Очекувам да се идентификуваат лица и да се идентификуваат постапки коишто биле прекршени, злоупотреби коишто биле направени и да бидат казнети согласно со закон, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања во Градската општа болница во Скопје „8-ми Септември“.

Тој укажа дека вниманието на целата влада било насочено кон целосно разрешување на случајот.

„Доколку се работи согласно закон и согласно процедура, а нема причина да не се работи така. И обвинителството, и судството во овој случај ја имаат поддршка на сите, да го разрешат случајот како што треба, согласно со Закон“, рече Ковачевски.

Премиерот беше дециден дека прашањето ќе биде постојано присутно на Владините седници.

„Доста беше 30 години само изговори, само начини како нешто да не се казни, а граѓаните очекуваат и правда и да очекуваат подобри услуги. Затоа овојпат ова ќе биде на секоја седница на седница на Влада, прашање до каде е постапката“, беше категоричен Ковачевски.

Деновиве Обвинителството соопшти дека нема да даваат дополнителни информации за истрагата, за да не дојде до нејзино нарушување. Тоа што е кажано е дека се вршат распити и се анализира документација.

„Во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Исто така, отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази. Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет и во оној момент кога ќе се стекнат објективни услови без да се наруши текот на постапката, соодветно ќе информира за сите резултати од преземените дејствија“, соопштија од Обвинителството.

На почетокот од оваа недела се одржаа и протести пред Владата и пред Јавното обвинителство, а на кои граѓани и лица што биле лекувани на Клиниката за онкологија побараа разрешување на случајот, како и одговорност од повисоки инстанци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG