СКОПЈЕ – Месец мај ги нуди сите можности да се одржат редовните парламентарни и претседателските избори, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски. Со ова тој ги потврди неофицијалните инфорации дека договор е постигнат, но сепак Ковачевски не лицитираше со датата и најави дека тоа ќе се договри на средба со лидерите на парламентарните партии која планира да ја свика наредниот месец а на која ќе се прецизираат сите детали за изборите.
Техничка Влада ќе има на сто дена пред изборите, потврди Ковачевски, бидејќи тоа го налага законот.
„Се водат разговори со политичкте партии во однос на одржувањето на изборите во 2024 година и јас кажав и повторувам дека во месец мај има доволно простор да се организираат редовни праламентарни и претседателски избори. Во однос на техничката Влада таа е законска обврска. Се подготвувале или не се подготовувале на 100 дена пред одржување на изборите согласно Законот за Влада кој е важечки ќе има техничка Влада. Исто така и тој закон се носи со консензус меѓу политичките партии во Собранието“, рече Ковачевски.
За сите детали ќе се разговара на средба со лидерите на парламентарните партии која премиерот на најави во текот на идниот месец.
„ Во однос на одржувањето на изборите планирам некаде во текот на наредниот период, декември нуди таква можност, да се одржи една средба во Собранието на која ќе можеме да ги дефинираме сите детали во однос на одржувањето на изборите, како што се правеше во минатото ќе биде направено и сега“, рече Ковачевски.
Измените на Изборниот законик кои ги подготвува работна група ќе бидат набро готови и ќе бидат имплементрирани сите забелешки на ОБСЕ и ОДИХР. В работната група сега има и претставници од опозицијата што дополнително дава надеж дека ќе бидат изготвени во кус период.
„ Мислам дека за многу краток период ќе имаме Изборен законик кој ги вклучува сите одредби и забелешки на ОБСЕ и ОДИХР и кој ќе овозможи продолжување на одржување на демоктарски избори во државата.На внесување на сите забелеши на ОБСЕ и ОДИХР работи работната група каде во почетокот учествуваа експерти и претставници на политички партии во Собранието меѓутоа сега се вклучени и политички партии и од опозицијата кои имаат свои преставници“, објасни Ковачевски.
За претседателските избори останува отворено прашањето дали владеачката коалиција ќе настапи со заеднички кандидат, нешто што не се исклучува како можност.
За парламентарните избори она што е јасно е дека трите партии од албанскиот опозициски блок „БЕСА“, „Демократско движење“ и „Алтернатива“ ќе настаат како „Европски сојуз за промени“ и ќе одат со заеднички листи и кандидати на двата изборни цилуси и оставија простор да им се приклучи и „Алијанса“ која во моментов е во владеачкото мнозинство.