„Треба да биде јасно дека меѓународните институции и нашите стратешки партнери, каде што број еден се САД, врз однос на свои наоди ги носат овие одлуки, меѓутоа од друга страна и нашите институции имаат обврска да реагираат и да испитуваат за секој случај без никакво влијание“, изјави премиерот Ковачевски во првата изјава за случајот „Анѓушев“ и за неговото ставање на американската „црна листа“.
Екс-вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој поради коруптивни дејства, е ставен на оваа листа веќе не е ниту почесен конзул на Малта која му ја прекина функцијата откако беше објавена одлуката на американската администрација.
„Малта не треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана“, стои во реакцијата на Анѓушев.
„Јас колку што знам тој беше предлог на Стопанската комора на Македонија и нејзиниот претседател. Треба да биде јасно дека меѓународните институции и нашите стратешки партнери, каде што број еден се САД, врз однос на свои наоди ги носат овие одлуки, меѓутоа од друга страна и нашите институции имаат обврска да реагираат и да испитуваат за секој случај без никакво влијание во однос на сите водени постапки во однос на нивната законитост за работењето на кој било функционер. Владата веќе донесе одлука во однос на менување на законските решенија во државата. Првото се однесува на лица санкционирани согласно одлуки на Обеднетите нации и ЕУ. Законската регулатива ќе биде изменета и согласнот законите на САД во однос на нивно обавување на општествени функции во иднината и второ, веќе е формирана работна група која што ја предводи вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска во која учествуваат министри од економските ресори, директорите на безбедносните служби, како советодавна улога и министри од критичните области, како министрите за одбрана и за внатрешни работи за менување на законската регулатива во однос на работење на лица физички и правни во прометот во Република Северна Македонија“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.