Линкови за пристапност

Нови повици за „сериозна“ истрага за трговијата со човечки органи на Косово


Нови повици за „сериозна“ истрага за трговијата со човечки органи на Косово
Нови повици за „сериозна“ истрага за трговијата со човечки органи на Косово

Извештајот наведува дека има “бројни индикации“ дека поранешната Ослободителна војска на Косово, со која е поврзан Тачи, убила српски затвореници во специјален притворен центар а потоа ги продала нивните бубрези на црниот пазар.

Европски претставници повикуваат на истрага за наводите дека косовскиот премиер има врски со организираниот криминал и трговците со човечки органи.

Парламентарното собрание на Советот на Европа денес го прифати извештајот на поранешниот швајцарски обвинител Дик Марти во кој се изложени наводи против Хашим Тачи и други виши лица. Советот бара Косово, Албанија и Мисијата на Европската унија на Косово да преземат мерки во однос на обвиненијата.

Извештајот наведува дека има “бројни индикации“ дека поранешната Ослободителна војска на Косово, со која е поврзан Тачи, убила српски затвореници во специјален притворен центар а потоа ги продала нивните бубрези на црниот пазар.

Тачи упорно ги порекнува обвиненијата. Тој вели дека не крие ништо и обвиненијата ги смета за обид да се поткопа косовското објавување на независност од Србија во 2008-ма.

Понеделникот, извештај во лондонски Гвардијан наведе дека НАТО документи, кои протекле во јавноста, го идентификуваат Тачи како главен водач на организираниот криминал во Косово. НАТО вели дека истражува кој е изворот на протечените информации.

XS
SM
MD
LG