Претседателот на Косово Хашим Тачи прогласи три дена жалост за борецот за човекови права Адем Демачи, познат по неговиот силен отпор кон комунистичкото уредување.
Демачи почина вчера на 82-годишна возраст. Парламентот ги прекина седниците и одржа едноминутно молчње по најавата за неговата смрт.
Желбата на Демачи да се жртвува за етничките Албанци во Косово му го донесе епитетот косовски Мандела, според легендарниот борец за човекови права на Јужна Африка Нелсон Мaндела.
Демачи помина 28 години во затвор поради отпорот кон комунистичкото уредување во Југославија, и српската доминација врз мнозинството етнички Албанци во Косово, со распаѓањето на Југославија.
Тој беше политички водач на Армијата за ослободување на Косово, којa водеше герилска војна против српските сили во 1998-та и 1999-та година.
Во 1991-та година, Демачи ја доби наградата за слобода на мислата на Европскиот парламент „Андреј Сахаров“.
Facebook Forum