Линкови за пристапност

Хашим Тачи ќе потпише укинување на Специјалниот суд


Не е јасно зошто поранешниот лидер на ОВК ја промени својата позиција

Косовскиот претседател Хашим Тачи, инсистира дека ќе ја потпише легислативата за укинување на специјален суд што ќе треба ги суди поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за воени злосторства, ако такво нешто усвои Парламентот.

Специјалниот суд треба да ги разгледува случаите на наводните направени злосторства против човештвото, воените злосторства и другите тешки кривични дела, извршени за време на конфликтот во Косово 1998-2000-та.

Не е јасно зошто Тачи, поранешниот лидер на ОВК, ја промени својата позиција во специјалниот суд со седиште во Хаг, кој беше формиран под надлежност на Косово.

Косовскиот парламент е на одмор до следната недела, и не е јасно дали предлогот ќе биде поставен за гласање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG