Линкови за пристапност

Нови тензии меѓу Северна и Јужна Кореја


Сеул вели дека ја презема акцијата за да го спречи Пјонгјанг да го искористи приходот од комплексот за финансирање на своите програми за нуклеарно оружје и балистички ракети

Јужна Кореја вели дека ги прекинува сите активности во индустрискиот комплекс Кесонг, каде изведува заеднички операции со Северна Кореја, како одговор на најновиот нуклеарен тест и лансирањето на ракетата од страна на Северот.

Министерот за обединување, Хонг Јонг-пјо изјави дека Сеул ја презема акцијата за да го спречи Пјонгјанг да го искористи приходот од комплексот за финансирање на своите програми за нуклеарно оружје и балистички ракети.

Индустрискиот комплекс Кесонг започна со работа во 2004-та година, како симбол за погранична соработка и обединетост. Во него функционираат околу 124 јужнокорејски компании, а вработени се преку 53.000 работници од Северна Кореја.

Во меѓувреме, Јапонија се подготвува да воведе свој пакет економски санкции против Северот, заради лансирањето на ракетата и нуклеарните тестови.

XS
SM
MD
LG