Северна Кореја забрани влез на јужнокорејски работници во заедничката индустриска зона Каесонг, веднаш северно од границата. Потегот го загрози последниот преостанат знак на соработка меѓу двете земји.
Властите во Пјонгјанг денес соопштија дека би им дозволиле на стотиците јужнокорејски работници, кои во моментов се наоѓаат во зоната, да заминат.
Јужна Кореја, пак, наведува дека не и` било соопштено колку долго ќе трае забраната, но затоа предупреди дека доколку потрае, работниците би можеле да останат без потребните залихи и храна. Портпарол на јужнокорејското министерство за унификација кажа дека приоритет е безбедноста на работниците. Министерството за одбрана наведе дека армиската акција е крајна мерка, во случај да биде загрозена безбедноста на работниците.
Ова не е по првпат Северна Кореја да забрани влез во зоната што беше отворена во 2004-та и е важен извор на приход за оваа осиромашена земја. Но, ова, навидум, е најсериозна закана досега по натамошното функционирање на зоната.
Потегот уследи само неколку часа откако американскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди Северна Кореја да прекине да се заканува на САД и сојузниците. Со јужнокорејскиот министер за надворешни работи Јун Бјунг-се покрај себе, Кери од Вашингтон порача дека САД ќе се бранат себеси и Јужна Кореја од армиските закани од Северна Кореја и дека нема да прифатат таа да стане нуклеарна држава.