Северна Кореја ја уништи пограничната канцеларија за врски со Јужна Кореја, што претставува еден од најновите потези на Пјонгјонг за зголемување на тензиите со Сеул.
Јужнокорејските медиуми известија за силна експлозија и чад близу пограничниот град Каесонг, каде се наоѓа канцеларијата за соработка меѓу двете држави.
Неколку минути подоцна, Министерството на Сеул, чија цел е обединување на двете Кореи, потврди дека зградата била уништена.
Севернокорејските државни медиуми, исто така, потрдија дека објектот бил уништен при „одлична експлозија“.
Канцеларијата за врски меѓу двете земји не била во функција со месеци претходно, а јужнокорејскиот персонал заминал оттаму на крајот на јануари, поради загриженост од коронавирус.
Изминатава недела, официјалните лица на Северна Кореја, повеќепати се заканија дека ќе ја уништат канцеларијата, која беше отворена во 2018 година, како дел од договорите за подобрување на односите меѓу двете земји.
Facebook Forum