Линкови за пристапност

Северна и Јужна Кореја пак заедно на Олимпијада


Севернокорејските хокеарки беа пречекани со цвеќе од нивните колешки во Националниот тренинг центар

Дванаесет севрнокорејски хокеарки ја поминаа границата, и им се придружија на колешките од Јужна Кореја, формирајќи го првиот заеднички корејски олимписки тим, по поделбата на државата во 1950-та година.

Облечени во црвено-бели зимски јакни, со приказ на официјалното име на државата „ДНР Кореjа“, хокеарките беа пречекани со цвеќе од нивните колешки во Јужна Кореја, како и од тренерот Сара Муреј.

Спортистките од Северна и од Јужна Кореја, неколку денa ќе тренираат одделно, по што ќе следи заедничкaта обука. Нивниот прв заеднички натпревар е закажан за 4-ти февруари, кога ќе играат против тимот на Шведска.

Двете држави настапувале со заеднички меѓународни атлетски тимови двапати, во пинг-понг во 1991-та година, и како младински фудбалски тим истата година.

Изненадувачката понуда да испрати ваква делегација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, дојде од лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, кој за време на новогодишниот говор ја отвори можноста за обновување на дијалогот меѓу Пјонгјанг и Сеул. Разговорите беа замрзнати по програмите за развој на нуклеарни и балистички проектили.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG